Македонската страна досега требаше темелно да ја анализира политиката што актуелната власт во Бугарија ја води кон Македонија, а „таа концепција добро ја познаваме“, вели Малинка Ристевска Јорданова, експерт за ЕУ и член на Советот за безбедност, во емисијата „Европат“ на ТВ24. Според неа, Скопје мора да реагира кога е потребно и јасно да ги поставува границите, со доследен став за заштита на договореното и напишаното „на хартија“... ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска уште еднаш повтори дека во овој момент и под вакви услови, нема можност за уставни измени. Ова, според Муцунски, не значи дека треба да се прекине со дијалогот, туку напротив треба да се води проактивна дипломатија поради што побарал средба со неговата бугарска колешка за крајот на оваа недела. – Треба да дискутираме за многу работи, вклучително и за овој неевропски ...

