Навивачите кои планираат да патуваат на еден од осумте натпревари од Светското првенство во 2026 година на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси би можеле да се соочат со значително повисоки трошоци за превоз. Според „Атлетик“, „Њу Џерси Транзит“ наводно ќе наплати повеќе од 100 долари (околу 85 евра) за билет за воз од станицата Пен во Њујорк до стадионот, пишува „Јаху Спортс“. Ова е драстично зголемување на цената во споредба со вообичаената цена ...

Вртоглавиот пораст на цените за превозот до стадионите во САД, во комбинација со високите цени на влезниците, предизвика огромно незадоволство меѓу фудбалските навивачи, чии буџети за мундијалскиот турнир брзо се зголемуваат. Во Бостон, локалната агенција за јавен транспорт објави дека повратен билет од железничката станица до стадионот Фоксборо, што е оддалечен 25 километри, ќе чини невидени 80 долари. Оваа сума е скоро десетпати поголема ...

Ако мислевте дека цените на влезниците за Светското првенство во 2026 година се шокантни, почекајте да видите колку ќе чини обичното возење до стадионот. Она што требаше да биде фудбалски празник во САД, Канада и Мексико, полека се претвора во финансиски кошмар и „грабеж“ на навивачите среде бел ден. Најновата вест која доаѓа од Њу Џерси е дека повратниот билет за воз од њујоршката станица „Пенсилванија“ до стадионот „Метлајф“ (каде ќе се ...

Здружението на фудбалски навивачи јавно изрази негодување откако се дозна дека 30-минутното патување со воз до натпревар од Светското првенство на стадионот „Метлајф“ ќе чини 150 долари, или околу 127 евра. Цената на билетот од станицата Пен на Менхетен до стадионот во Њу Џерси, кој е долг околу 29 километри, ќе биде зголемена за 11 пати од вообичаената цена од 12,90 долари за повратен билет. Нема намалени цени, па затоа децата и возрасните ...