Иранската морнарица денеска истрелала предупредувачки ракети и беспилотни летала кон американски воени бродови во Омански Залив, објавија иранските медиуми, при тоа обвинувајќи ја американската армија за попречување на поморскиот сообраќај и запленување товарни бродови и танкери. Претходно, американската Индо-пацифичка команда соопшти дека американските сили синоќа го пресретнале санкционираниот танкер Давина во Индиски Океан. – Ќе продолжиме ...

Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека синоќа нападнала американски воени бази на Блиски Исток како одговор на американските напади врз островите Сирик и Кешм. Во соопштението на ИРГЦ се наведува дека се нападнати „непријателските бази во регионот со помош на ракети“. ИРГЦ тврди дека ракетирани се американски бази во Кувајт и vo Бахреин, а исто така е стрелано врз четири танкери кои се обиделе да поминат низ Ормуска Теснина. ...