Уште од чудесната приказна во Шангај, навистина сакаме да пишуваме за тенисерот од Монако, а тој едноставно не престанува да ни дава причини за тоа! Валентин Вашеро продолжува да ја испишува најубавата тениска бајка во својата кариера, откако по уште еден маратонски и емотивен меч го совлада Хуберт Хуркач со 6-7(4), 6-3, 6-4. Со оваа победа, Вашеро стана првиот тенисер во историјата на Монако кој стигнал до четвртфиналето на домашниот ...
Бајката на Валентин Вашеро во неговиот роден град не само што продолжува, туку станува сè поневеројатна! По вчерашниот подвиг против Хуркач, тенисерот од Монако кој го смета овој клуб за свој втор дом, вечерва во уште еден трилер во три сета го совлада шестиот тенисер во светот, Алекс де Минор, со 6-4, 3-6, 6-3. Со оваа победа, „челичниот“ Вашеро закажа полуфинална пресметка со бранителот на титулата и светски број еден, Карлос Алкараз. ...
Домашниот тенисер Валентин Вашеро продолжува да пишува историја на Мастерсот во Монте Карло, откако избори пласман во полуфиналето на турнирот. Монакежанецот во четвртфиналето го елиминираше најдобриот австралиски тенисер Алекс де Минаур со 2-1 во сетови, односно 6-4, 3-6, 6-3. Вашеро веќе во претходната рунда испиша историја како прв тенисер од Монако што стигнал до четвртфинале на овој турнир, а сега ќе има можност да се бори за финале ...

