Али Адем (26) и официјално кариерата ја продолжува во Косово. Досегашниот играч за врска на Македонија вечерва и официјално беше промовиран во Лапи како нивни нов играч. Да потсетиме дека ова за Адем не е прво интернационално искуство во кариерата. Тој има настапувано и во Грција и Албанија, во Македонија има играно и за Вардар, Шкупи. Со Лапи тој потпиша двегодишен договор до 2028. Лапи е дел од Суперлигата на Косово, а таму игра и Фитон ...

Доскорешниот фудбалер за врска на Македонија Ѓорче Петров, Али Адем, е нов фудбалер на косовски Лапи. Поранешниот младински репрезентативец потпиша двегодишен договор со косовскиот прволигаш кој ќе ја осигура неговата верност до 2028 година. За 26-годишниот играч од средниот ред ова не е прв интернационален предизвик. Во својата досегашна кариера тој веќе настапуваше во шампионатите на Грција и Албанија. На домашната сцена, покрај за ...

Македонскиот фудбалер Али Адем ја продолжува својата кариера со нов меѓународен предизвик, а овој пат заминува во косовскиот прволигаш, Лапи. Адем минатата сезона беше дел од Македонија ЃП, за која одигра 28 натпревари и постигна три гола - еден во првенството и уште два во Купот. Играчот од средниот ред веќе му се приклучи на новиот клуб, кој минатата сезона избори опстанок во елитното косовско друштво. Адем претходно ги бранеше боите на ...