Габриел беше еден од најдобрите поединци во финалето на Лигата на шампионите и воодушеви со сигурноста и авторитетот кој го нудеше на теренот, но на крајот бразилскиот стопер се претвори во трагичар во пенал рулетот кој заврши трагично за него и Арсенал. Дефанзивецот ја заврши петтата серија и ја испрати топката далеку над голот на Сафонов, а со тоа означи старт на големото славје на играчите на ПСЖ. „Светците“ втора година по ред ја освоија ...
Арсенал остана без европска круна откако во драматичното финале на Лигата на шампионите беше поразен од ПСЖ по изведувањето пенали со 4-3. По регуларните 90 минути, како и по продолженијата, резултатот беше израмнет 1-1. Во пенал-рулетот кобни за Tопчиите беа промашувањата на Езе и Габриел, па трофејот заврши во рацете на парижаните. По натпреварот, менаџерот на Арсенал, Микел Артета, откри дека токму Габриел бил предвиден да го изведе ...
Габриел Магалаеш беше најдобар поединец на Арсенал и во големото финале во Лигата на шампиони, а после извонредната партија и неверојатната сезона која ја остави зад себе, дефинитивно не заслужи крај каков што доживеа вчера на „Пушкаш арена“. Стоперот презема одговорност во петтата серија и имаше шанса да го остави Арсенал во игра за прва европска титула, но наместо тоа, ја испрати топката високо над голот и потсети на една незаборавна сцена ...

