Надлежните институции упатија апел до жителите и деловните субјекти во Стариот град во Охрид да ги почитуваат препораките за правилно одлагање на отпадот, со цел одржување на чиста и уредна животна средина во еден од најпосетуваните делови на градот. Според апелот, отпадот треба да се одлага во соодветни канти, а не во ќеси оставени на јавни површини. Исто така, се препорачува отпадот да се изнесува најдоцна до 06:00 часот наутро, согласно ...
Охрид, 1. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Големи црни кеси со најразличен отпад оставени до кантите, картонска амбалажа, расфрлани пластични шишиња, остатоци од храна… ова е „декорот“ што често може да се види низ уличките на стариот дел на градот. – Ова се редовни слики од најпосетуваниот дел од Охрид од страна на туристи, место коешто е живеалиште на голем број граѓани, место со голем број бизниси. Ова не е сликата којашто сакаме да ја ниту ...

