После поразот од Бенфика на гостински терен, и лошата игра на првиот меч од главната рунда во Европската лига, Вардар 1961 денеска на домашен терен има шанса да дојде до првата победа во оваа фаза од натпреварувањето. Мелсунген во Скопје дојде со втор состав, екс-тренерот на „црвено-црните“, сегашен предводник на бундес-лигашот, Роберто Гарсија Парондо и асистентот Фин Лемке, открија дека ќе играат без Даинис Кристопанс, Небојша Симиќ, ...

Кога „Јане Сандански“ ќе зоврие, за противниците нема спас, дури и ако доаѓаат од најсилната лига во светот. Вардар уште еднаш докажа дека неговиот европски ген е неуништлив, совладувајќи го германскиот Мелсунген со 37-33, откако успеа да се врати од бездната и негативата од шест гола во првото полувреме. Пеколот ги „голтна“ Германците Мелсунген дојде во Скопје како фаворит и во првите 20 минути изгледаше дека ќе го оправда тој епитет, ...