„Ваква разгледница посветена на областа Голо Брдо, за првпат е изработена во Република Албанија. Содржи 15 фотографии од селата во овој прекрасен крај, населен главно со Македонци. Покрај природните убавини со кои Бог ја дарувал областа, има и многу културни историски споменици, кој секој би посакал повторно да ги види“, вели Ѓурѓај. Додаде дека ова негово дело има значаен придонес во зачувувањето и промоцијата на македонското културно ...
Излезе од печат првата разгледница „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“,има 12 фотографии од традиционалните македонски носии од Голо Брдо, Преспа, Гора, Врбник – Билишта, селата Крчишта и Ербеле – Поле – Маќелара, која е авторско дело на Никола Ѓурѓај, инаку претседател на македонското друштво “Илинден“-Тирана и уредник на Македонски весник “Илинден”. Ова издание е отпечатено со финансиска поддршка на ...

