Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) оваа година го продолжува својот традиционален летен карван на книгата. Карванот на книгата на МАИ во 2026 година почнува од првата станица: Прилеп. Од 8 до 11 јуни 2026, од 10 до 21.00 часот, во галеријата на НУКЦ „Марко Цепенков“ шест издавачи членки на МАИ на прилепската читателска публика ќе ѝ ги понудат своите најнови и најпопуларни изданија по саемски цени. На карванот ќе бидат присутни: ...
Во галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп во тек е карванот на книгата на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ). Веќе неколку дена од 10 до 21 часот шест издавачи членки на МАИ на прилепската читателска публика ѝ ги нудат своите најнови и најпопуларни изданија по саемски цени. Карванот завршува утревечер. Застапени се изданија на „Полица“, Издавачкиот центар „Три, „Божилак“, „Бата прес“, „Мартина“ и на „Светулка“. ...

