Но сепак тие сметаат дека критериумите не смеат да бидат исти за сите научни области. Хуманистичките и општествените науки, како што велат, не можат да се вреднуваат исто како медицинските или природните науки. Затоа предложуваат попрецизни решенија и дополнително регулирање преку подзаконски акти во консултација со академската фела. Новиот законот, според нив ќе овозможи и рационално трошење на јавните средства, без да се наруши автономијата ...
Како што најави министерката за образование и наука Весна Јаневска, МОН ќе има средба со сите професори кои ќе сакаат да присуствуваат на јавната расправа, каде што ќе бидат дискутирани спорните членови. Јаневска вели дека јавната дебата за Законот за високо образование сè уште не е завршена и дека Министерството очекува официјални забелешки од универзитетите. „Сè уште не е завршена јавната дебата, сè уште очекуваме забелешки. Ние добиваме на ...

