Анте Иванковиќ беше еден од најзаслужните за убедливата победа на Охрид во првата средба против Дукла Прага во осминафиналето од ЕХФ Купот. „Гладијаторите“ во Прага ќе патуваат со предност од девет гола, а одличниот бек беше втор стрелец во тимот, со седум постигнати гола. По средбата Иванковиќ беше задоволен од извојуваната победа, но жали што разликата можеше да биде двоцифрена. „Одличен натпревар, за кој се подготвувавме еден месец. Во ...

ГРК Охрид ја совлада екипата на Дукла Прага 30:21 во првиот натпревар од 1/8 финалето од ЕХФ Европскиот Куп, што се одигра во саботата во салата “Билјанини извори”. Ракометарите на Охрид диктираа ритам во текот на целиот меч и постојано го зголемуваа водството. Во финишот домаќинот имаше и двоцифрена предност, но со серија голови чешкиот противник намали на „минус девет“. Меѓу најефикасните во победата на македонскиот претставник беше ...