Ракометната селекција на Македонија успешно ја заврши и последната мисија на патот до ново учество на едно Светско првенство. На десеттото мундијалско учество нашите ракометари се пласираа по новата победа над Словачка, откако во Скопје славевме со убедливи 38-23. Селекторот Кирил Лазаров беше задоволен од прикажаната игра на неговите избраници и посака успех на СП во Германија. „Треба да бидеме задоволни без разлика кое ниво го има Словачка, ...

Македонија одигра импресивен меч, а по неговото завршување задоволството не го криеше селекторот Лазаров. „Мора да бидеме задоволни, без разлика на нивото на Словачка, тие против Украина покажаа дека имаат квалитет, не е лесно да ја победите Украина. Им честитам на моите момци, не се победува лесно со 15 голови разлика. Имавме сериозен пристап, секој ривал во баражот е квалитетен, а ние покажавме константен ракомет, тоа го барав од играчите. ...