Арсенал успеа да мине уште еден испит во Премиер лигата, го совлада Вест Хем со 1-0 и сега има отворен пат до пехарот во шампионатот затоа што им следуваат дуели уште со Барнли и Кристал Палас, два клуба кои нема за што да играат до крајот на сезоната. Ако на ова се додаде дека „топчиите“ ги очекува и финале во Лигата на шампионите, тоа значи дека оваа генерација може да направи историски резултат, па според легенда Иан Рајт ако се оствари ...

Англискиот премиерлигаш Кристал Палас ќе добие бонус од околу 10 милиони фунти доколку Арсенал ја освои титулата во Премиер лигата, пренесуваат англиските медиуми. Станува збор за клаузула поврзана со трансферот на Еберечи Езе, според која лондонскиот клуб би инкасирал дополнителен бонус во случај Арсенал да стане шампион. Езе сезонава е еден од најважните играчи на Арсенал и има огромен придонес во трката за титулата, па во Палас внимателно ...