Над 1,5 милиони патници се соочија со хаос на американските аеродроми во петокот, откако технички проблем во системите за комуникација на контролата на летање ги принуди властите да ги прекинат сите летови во САД во период подолг од четири часа. Забраната беше воведена од безбедносни причини, по она што властите го оценија како вонредни околности. Проблемите најпрво се појавиле на аеродромите во Бостон, Њујорк и Чикаго, а потоа се прошириле ...

Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА) ја укина четиричасовната забрана за летови воведена поради проблеми со комуникациските системи за контрола на воздушниот сообраќај, но се очекува нарушувањата во авиосообраќајот да продолжат. Илјадници летови беа откажани, а десетици илјади патници останаа блокирани на американските аеродроми. ФАА соопшти дека по темелното тестирање на системите е дозволено продолжување на дел од летовите. ...