Водата од градскиот водовод во Гостивар може да се користи и за миење чинии, прибор за јадење, чаши и останати кујнски садови, појаснија надлежните во одговор на новинарско прашање „За што точно може да се користи водата во Гостивар откако е одобрена за техничка употреба“. Забраната за пиење и подготовка на храна останува. Надлежните уверуваат дека водата е прочистена од фекалии. Експертот од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Емилија ...

По десетдневната забрана, од денеска водата може да се користи за одржување на личната хигиена и хигиената во домовите, но сè уште не смее да се користи за пиење и подготовка на храна. Техничката вода што од денеска тече од чешмите во Гостивар е без присуство на колиформни бактерии. Надлежните смируваат дека постојано се прават нови анализи и ситуацијата се следи. За тоа кога водата ќе биде безбедна за пиење засега немаат информација. ...

Водата во Гостивар ќе може повторно да се користи за пиење кога ќе има три последователни негативни тестови од испитаните примероци. Ова денеска го изјави министерот за здравство Сашо Клековски, кој рече дека според прописите не постои „техничка вода“ и дека тоа е термин што најчесто го користат јавните комунални претпријатија. – Постои класификација на водата од прва до петта категорија. Водата од прва категорија е погодна за лична употреба ...

Во последното деноноќие во Гостивар се пријавиле 71 новозаболени од кои според здравствените власти веќе мал дел се заразени од градскиот водовод. „Сметаме дека настанува смирување на состојбата со епидемијата, до формален крај би дошле кога веќе нема да има случаи поврзани со градскиот водовод, според направените епидемиолошките анкети. Ваквото подобрување е поради очистување на водата и оспособување како техничка. До крајот на неделата се ...