Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја опиша Македонија како држава која технички е подготвена за членство во Европската унија, но која останува блокирана поради политички пречки што не произлегуваат од европските правила. Таа го кажа тоа на заедничка прес-конференција со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, објаснувајќи дека изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за „децении чекање“ била условна, со „ако треба“. Фактите ...

Двајцата претседатели говореа за значењето на евроинтеграцијата, за придобивките што самата држава ги добива во пристапниот процес во однос на транформирање и демократизирање на општеството, за политичките и геополитичките препреки и за состојбите внатре во самата ЕУ, но и за потребата Унијата во себе да го интегрира Западен Балкан бидејќи со него ќе се стави крај на вештачката класификација или споредба Исток – Запад. Заклучија и дека во ЕУ ...