МЗТ Скопје ќе игра против КК Маџари во финалето на македонското кошаркарско првенство, откако во „мајсторката“ убедливо го совлада КК Пелистер со 87:58. Клучна беше третата четвртина, која актуелниот шампион ја доби со доминантна игра и огромна серија, претворајќи го израмнетото прво полувреме во убедлива победа. Марин Петков беше лидер со 23 поени и седум асистенции, Танасковиќ додаде 20 поени, додека Мекејден оствари дабл-дабл учинок. МЗТ ...

Екипата на МЗТ со победа над Пелистер од 87-58 обезбеди место во финалето на македонската Суперлига, каде што ќе важи за голем фаворит против пријатното изненадување сезонава, КК Маџари. Битолчани одиграа квалитетно прво полувреме и во најголем дел беа рамноправен противник, па на паузата резултатот беше израмнет 37-37. Сепак, во вториот дел „металците“ целосно го презедоа натпреварот во свои раце. Тимот предводен од тренерот Васко Атанасов ...