Центарот, чие почнување со работа е предвидено најдоцна до јануари 2027 година, како што се наведува во соопштението од Министерството за финансии, ќе биде дел од глобалната мрежа на ММФ за развој на капацитети и ќе обезбедува поддршка за шесте земји од Западен Балкан и Молдавија во зајакнување на институциите, креирање политики и спроведување реформи во согласност со европските стандарди. Министерката Димитриеска-Кочоска на состанокот ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамки на учеството на Пролетните средби на ММФ и СБ во Вашингтон оствари средба со заменик-генералниот директор на ММФ Бо Ли. На средбата е нотирана и поздравена заложбата на Владата за натамошна фискална консолидација и намалување на буџетскиот дефицит на среден рок под 3%. Владата и Министерството за финансии остануваат цврсто на определбата за постепена фискална консолидација и ...

