Мицкоски има рок до 12 јануари да ги убеди ДУИ за избор на нов народен правобранител, за кога собранискиот спикер планира да ја стави точката на дневен ред. Откако во јули заврши мандатот на Насер Зибери, годинава ќе се заокружи со невидлив чувар на правдата, а решението се гледа во тет а тет средба меѓу двајцата опоненти Мицкоски и Ахмети. Неофицијално, високи извори од ДУИ за ТВ 24, велат дека Ахмети е спремен за разговор со Мицкоски и дека ...
Изборот на Народен правобранител мора да се надмине преку дијалог со пратеничките групи, бидејќи тоа е дел од извештајот на Европската комисија, порача премиерот Мицкоски. Тој најави интензивни разговори во наредниот период за да се одблокира ова прашање. „Ако навистина сите сакаме земјата да ја видиме како рамноправен дел од ЕУ, не гледам причина зошто едно такво решение да не биде поддржано,“ рече тој. Во однос на реформската агенда, ...
Премиерот Христијан Мицкоски најавува во периодот што следи средби со пратеници и пратенички групи со цел да се реши прашањето со изборот на народниот правобранител за кој е потребно Бадентерово мнозинство. – Ќе разговараме со повеќе пратеници и пратенички групи за да се надмине овој проблем. Цениме дека треба да се надмине бидејќи е дел од Извештајот што го подготвува Европската комисија за напредокот на Македонија како држава. И доколку ...
Од денеска во институцијата Народен правобранител нема кој да потпишува за плати на вработените. Иако се најавуваше дека точката за избор на Омбудсман ќе се стави на дневен ред на 12 јануари, тоа не се случи, што ја прави ситуацијата алармантна. Оваа институција е без прв човек на чело од јули минатата година, кога заврши мандатот на Насер Зибери. ДУИ не го прифаќа предлогот на собраниската Комисија за прашања на избори и именувањата, местото ...

