Втората балканска војна започнала со судирите меѓу Бугарија, Грција и Србија во јуни 1913 година во врска со различните сфаќања за тоа на која држава колкав дел од Македонија треба да и припадне. Подоцнежните анализи покажале дека е многу веројатно оти Бугарија ќе успеела да извојува победа и на двата фронта, доколку таквата ситуација не ја искористела Романија, која поттикната од Франција и Велика Британија, и објавила војна на Софија. Со ...

Дарко ЈАНЕВСКИ Пред 113 години, во Букурешт, на денешен ден, потпишан е договорот за поделба на Македонија. Во преговорите, името Македонија не се ни споменува, но во суштина, се се’ врти околу нејзината територија. Што се случувало во тие 12 дена на преговорите од 30 јули 1913 до 10 август 1913 според новиот календар, односно од 17 до 28 јули 1913 година (според стариот календар) кога Македонија е поделена меѓу Грција, Бугарија и Србија? ...

Оригиналниот мировен договор од 1913 година не содржи тајна клаузула; не споменува независна Македонија по 100 години; не содржи никаква одредба поврзана со името „Македонија“ во иднина. Дополнително, самиот текст на фотографијата користи современ македонски стандарден јазик, кој не постоел во времето кога договорот бил потпишан, што претставува јасен анахронизам и силен доказ дека станува збор за современ фалсификат, пишува Вистиномер. ...