Познат е комплетниот Фајнлфор на кошаркарската Евролига за сезоната 2025/26, а за титулата европски шампион ќе се борат Олимпијакос, Реал Мадрид, Фенербахче и Валенсија. Последен пласман на завршниот турнир обезбеди Валенсија, која во мајсторката го декласира Панатинаикос со 81:64 и со вкупни 3:2 во серијата се пласираше меѓу четирите најдобри екипи во Европа. Шпанскиот тим направи голем пресврт, откако губеше со 0:2 во серијата. За Валенсија ...
Реал Мадрид беше предводник на идејата за фудбалска Супер-лига, проект што не се реализираше и неодамна и официјално се распадна. Флорентино Перез во последната година беше меѓу најгласните заговорници на идејата за формирање на НБА Европа на местото на актуелната Евролига, но и оваа желба на првиот човек на Реал нема да се реализира, барем на во блиска иднина. Во прв момент идејата се чинеше интересна, но клубовите еден по еден потпишуваа ...
Завршниот турнир во Евролигата за сезоната 2025/26 ќе се одржи од 22 до 24 мај во Атина, во салата „О.А.К.А.“, и ќе го собере самиот врв на европската клупска кошарка. За титулата европски шампион ќе се борат четири екипи: Олимпијакос, Реал Мадрид, Фенербахче и Валенсија. Полуфиналните двојки ветуваат вистински спектакл - грчкиот гигант Олимпијакос ќе се соочи со турскиот Фенербахче, додека Реал Мадрид ќе ги одмери силите со Валенсија во ...

