Актуелниот англиски првак Ливерпул доживеа тежок удар, откако напаѓачот Уго Екитике заработи сериозна повреда на реваншот против ПСЖ во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Французинот се повреди во 28. минута по еден дуел и незгодно згазнување, по што веднаш се фати за петата и побара помош. Според информациите, станува збор за пукање на „Ахиловата тетива“, повреда која значи крај на сезоната и сигурно пропуштање на Светското првенство. ...

Ливерпул загуби од Пари Сен Жермен и во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите, но овој пораз и елиминација не е најлошата вест затоа што тешка повреда заработи напаѓачот Уго Екитике. Французинот мораше да го напушти теренот уште во првиот дел и веднаш стана јасно дека се работи за нешто посериозно, а официјална потврда за тоа добивме денеска од премиерлигашот. Напаѓачот заработил посериозна повреда на ахиловата тетива, па оваа ...