Македонија се држеше во првите две четвртини, на полувремето имавме негатива од 46-39. Клучна беше третата четвртина која Украинците ја добија со 24-10 и го решија натпреварот. Во последните минути успеавме само да го ублажиме поразот до конечни 70-84. Најефикасен во македонскиот состав беше Дион Шабани со 21 поен и 11 скока, Илија Коневски и Михаил Анѓеловски постигнаа по 16 поени. По денот предвиден за одмор, Македонија продолжува во ...

Во првиот натпревар од развојниот турнир на УЕФА за играчи до 15 години што се одржува во Струмица и Турново, репрезентацијата на Македонија се соочи со селекцијата на Босна и Херцеговина. Во регуларниот тек од натпреварот резултатот беше 2:2, а по подобро изведување на удари од 11 метри славеа гостите. Македонија поведе со погодокот на Габриел Фударски Митев уште во втората минута. Во 18-тата капитенот Леис Факиќ зголеми на 2:0. Во ...