Динамо минатата сезона ја загуби првата титула од 2017 година, што беше огромен неуспех со оглед на тоа што клубот имаше буџет од 70 милиони евра, приближно исто колку и остатокот од лигата заедно. Ова, меѓу другото, предизвика голема чистка во летото во која над 15 играчи го напуштија клубот, од кои некои беа легенди на Динамо меѓу кои Аријан Адеми и Стефан Ристовски. Сандро Перковиќ, последниот од четирите тренери на Динамо минатата ...
Динамо остана без титулата во домашното првенство за првпат по 2017-та година, а таквиот расплет на настаните предизвика бура во Загреб и големи промени во тимот, но и дел од раководството. Хрватскиот великан реши да направи голем рез по сезоната која беше оценета како целосно неуспешна, а прв на удар се најде таканаречената „пушачка соба“ од која дел беше и Стефан Ристовски. Ветераните во соблекувалната добија неблагодарен епитет во јавноста ...

