Екипата на Вардар освои нови бодови во битката за титулата во ПМФЛ со победа над Работнички. Замената за Роџерс Мато, Србинот Стефан Цветковиќ, се адаптира лесно на новата средина и втор меч по ред постигна гол. „Одигравме уште еден тежок меч во неколку дена, бевме малку уморни, но од првата минута влеговме одлично и дадовме голови на време. Освоивме нови три бода и задоволни сме, се надевам дека ќе продолжиме во ваков ритам“, изјави Стефан ...
Откако се одиграа првите две кола во пролетниот дел од сезоната, дали некој се сеќава на Роџерс Мато? Или дали фановите на Вардар сеуште жалат што си замина најдобриот во есенскиот дел? Не веруваме, а за тоа е заслужен Стефан Цветковиќ, новиот напаѓач на Вардар кој дојде овој зимски преоден рок како екстра засилување и како замена за Мато. И веднаш Стефан ја искажа сета своја класа на средбите со Арсими и Работнички, на кои беше убедливо ...

