БИТОЛА – Неисплатени субвенции и целосен колапс на овчарството. Ова е причината поради која денеска сточари и земјоделци ќе се соберат пред Владата за да упатат барања до власта и ако не им се исполнат до петок најавуваат протести со блокада на патишта. Одгледувачите на овци се без исплатени две третини од субвенциите за 2024 година и на прагот на новата година веќе бројат загуби во работата и од неиплатената премија за предаденото мелко. ...
Претставници на Сојузот на одгледувачи на овци и Конфедерацијата на слободни синдикати (КСОМ) денеска излегоа на протест пред Владата, порачувајќи дека македонското сточарство е пред колапс поради неисплатените субвенции. Револтираните сточари од цела држава упатија последен аларм до премиерот и претседателката, нагласувајќи дека трпението е потрошено. „Две години без субвенции, ова е крајот на сточарството“ Насер Џемаили, претставник на ...
Сточарите бараат од државата да им бидат исплатени субвенциите за 2024 година, а доколку тоа не биде сторенo, од четврток најавуваат протести. – Денеска сме тука да и кажеме на Владата дека сточарството и земјоделството го оставија целосно на страна. Сакаме да порачаме дека бевме најјака држава која се занимавала со сточарство и земјоделство. Ги замолуваме сите институции да пристапат посериозно кон нашиот проблем, изјавија денеска од ...
Сточарите најавуваат грчко сценарио, протести и блокирање на сите главни сообраќајници низ државата ако до петок не им бидат исплатени субвенциите. Сточарите предупредуваат дека овчарството е во завршна фаза на колапс и дека државата им должи неверојатни 1,5 милијарди денари само за субвенциите за 2024 година. Претставници на Сојузот на одгледувачи на овци и Конфедерацијата на слободни синдикати (КСОМ) вчера протестираа пред Владата, ...

