Дамјан Стојановски е икона на македонската кошарка, а со освоениот Куп-трофеј со МЗТ Скопје влезе меѓу легендите во натпреварувањето. Стојановски го освои вкупно 11. пехар во Купот на Македонија и стана лидер на „вечната листа“. Зад него заминува Перо Блажевски, кој има десет освоени пехари во натпреварувањето. Семејството Стојановски има богата историја во ова натпреварување и вкупно 25 трофеи. Покрај Дамјан Стојановски со 11 трофеи, на ...
Вечерва се одигра кошаркарскиот Куп на Македонија – „Благоја Георгиевски-Буштур“, а тимот на МЗТ Скопје уште еднаш покажа кој е „големиот шеф“. Во натпревар во кој КК Куманово сакаше пред своја публика да го освои првиот куп-трофеј, минатогодишниот шампион од Аеродром ја расипа таа бајка, славејќи во финалето со убедливи 96:70. МЗТ Скопје беше подобар противник во секој поглед од играта и на крајот сосема заслужено се закити со 14. трофеј во ...
Победата на кошаркарите на МЗТ Скопје во големото куп финале против МКК Куманово, го означи освојувањето на 11 трофеј за легендарниот кошаркар во ова натпреварување, Дамјан Стојановски. Иако одамна е најтрофеен играч во македонската клупска кошарка, играчот на МЗТ по завршувањето на финалниот натпревар од турнирот во Куманово е апсолутен рекордер во Купот на Македонија. Со тоа, тој се оддели од уште еден легендарен кошаркар, Перо Блажевски ...

