Интер веруваше дека може да ја анулира негативата од првиот меч, но не само што не го направи тоа, туку уште еднаш загуби. Резултатот го отвори Хауге кој постигна гол во 58. минута за водство на Бодо од 1-0, а Евјен во 72. минута зголеми на 2-0. Четири минути подоцна Бастони даде гол и ја врати надежта на Интер за чудо на мечот, но тоа беше се што направија нероазурите на овој натпревар. За нив заврши Лигата на шампионите, ќе се фокусираат ...
Норвешкиот Бодо Глимт вечерва приреди сензација и уште еднаш го победи Интер сега во Милано за со вкупни 5-2 да го елиминира лидерот во Серија А. Во Норвешка Бодо победи со 3-1, а вчерва на гости во Италија беше подобар со 2-1. Во првото полувреме домаќините го диктираа темпото и создадоа неколку зрели шанси преку Пјотр Зиелински и Давиде Фратези, но голманот на гостите беше сигурен на голот. Норвежаните трпеливо се бранеа, чекајќи ја ...
Норвешки Бодо/Глимт е сензацијата на плеј-оф рундата во најсилното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите на УЕФА. Норвежаните и вечерва успеаја да го совладаат Интер, овој пат на гостински терен со 1:2 и да им покажат на сите „неверници“ дека победата од 3:1 на домашен терен во првиот меч не беше воопшто случајна. Италијанскиот гигант и главен кандидат за Скудетото, се прости од Лигата на шампионите уште во оваа рунда, иако во ...

