Екипите на Арсими и Башкими одиграа меч без резултатски притисок во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) кој заврши без победник со резултат 1-1. И двете екипи имаат сигурен опстанок, не можат да одат во евро-куповите затоа што се далеку, па последните мечеви ќе им бидат само за престиж. Стартот на натпреварот беше мирен, а домашната екипа ја погоди мрежата на Башкими во шестата минута преку Арѓент Гафури. Голот првично беше поништен, ама ...
Фудбалерите на Арсими и Башкими одиграа нерешено 1:1 во натпреварот од 31 коло во Првата македонска лига. На стадионот во Гостивар, домашниот тим беше подобар противник во првото полувреме и поведе со 1:0, додека Башкими во вториот дел беше поактивен и успеа да израмни. Првиот гол беше постигнат во шестата минута по една топка упатена кон Рамадани, кој успеа да го мине противничкиот фудбалер и да избегне офсајд позиција, по што со силен удар ...

