Екипата на Милан многу потешко од очекуваното успеа да го совлада Кремонезе со минимални 0-2 (0-0) во натпреварот од 27. коло на италијанската Серија А. „Росонерите“ ги освоија бодовите со погодоци во 90. и 94. минута. Првото полувреме не понуди преголеми возбудувања, иако Милан двапати се обиде во рамките на голот на домаќинот. Кремонезе исто така имаше две шанси, но на паузата останаа почетните 0-0. Со поголемо темпо започна вториот дел, ...
Милан имаше одлична завршница во Кремона и на тој начин избегна уште еден кикс во Серија А. „Росонерите“ го добија Кремонезе со 2-0 со погодоците на Павловиќ и Леао и со тоа направи уште еден исчекор кон пласман во Лигата на шампионите за кампањаат 2026/2027. Сега пред „црвено-црните“ е дербито со градскиот ривал Интер, тим кој им бега десет бода на табелата што значи дека со победа може да дојде на минус седум и да внесе неизвесност во ...

