Пелистер имаше лоша сезона во која заврши на осмата позиција на табелата, позиција која ги однесе во бараж битката со Шкендија Арачиново, битка која ја загубија и со тоа испаднаа во втората лига. Ова е сериозен удар, неуспех за клубот од Битола, навивачката група „Чкембари“ е лута и бара одговори, поточно за нив виновниците имаат име и презиме. Соопштението ви го пренесуваме во целост: По неколку (не)преспиени ноќи, по безброј направени кавги ...
Тие упатија критики до раководството на Пелистер и бараат одговорност. „По неколку (не)преспиени ноќи, по безброј направени кавги меѓу нас навивачите а и меѓу целиот град каде е кривицата за овај пораз не само на Пелистер туку и на цела Битола. И покрај јавните реакции, до последно дававме поддршка и верувавме дека ќе заврши колку толку позитивно оваа сезона. Но на сè иди крај! Наредниот период ЌЕ ИНСИСТИРАМЕ НА: Иако знајме дека договорите ...

