Оваа 2025 година јасно покажа дека културата и туризмот не се трошок, туку стратешка инвестиција во идентитетот, меѓународната видливост и економскиот развој на државата. Со зголемен буџет, рекордна реализација на програмите, конкретни капитални инвестиции и силно меѓународно присуство, покажавме дека кога има визија, одговорност и транспарентност резултатите се видливи и мерливи, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков во својот ...
Една добиена тужба не значи дека сите ќе ги добијат. Вака на денешниот брифинг министерот за култура и туризам Зоран Љутков одговори на прашањето на Телма за добиената втора тужба од вкупно 800, поднесена од Центарот за култура во Прилеп. Тужбата е од Синдикатот за култура на Македонија, а е во врска со пресметката на платите на вработените во културата, скратени за 3% во април, согласно пресметките на Министерството за финансии, за кои од ...
Со 5 милијарди 520 милиони и 504 илјади денари ќе располага културата во 2026 година, што е за 8,5 отсто повеќе од годинашниот буџет на Министерството за култура и туризам. На оваа сума спланирани се и дополнителни 700 милиони денари наменети за туризам, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков на вчерашниот предновогодишен брифинг со новинарите. Тој ги претстави резултатите од работењето на 72 институции што се под надлежност на ...

