Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, има затегнати односи со раководството, што би можело да го натера италијанскиот стратег да го напушти клубот на крајот од сезоната дури и ако тимот се квалификува за Лигата на шампионите. Иднината на Алегри во Милан е неизвесна поради заладените односи со дел од клупските директори, тврди италијанскиот медиум „Кориере дело спорт“. Според изданието, Алегри не секогаш ја чувствувал поддршката од клубот ...
Лука Модриќ минатото лето пристигна во Милан како слободен агент по 13 успешни години во Реал Мадрид. Сезоната завршува и се поставува прашањето каде Модриќ ќе ја продолжи својата кариера, а италијанските „Скај“ и „Калчомеркато“ откриваат дека тој поставил три услови за останување во Милано. Главен предуслов за продолжување на соработката е исполнувањето на главната цел на сезоната, а тоа е пласман во Лигата на шампионите. Дури и со помала ...
Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, кој важи за еден од фаворитите за нов селектор на Италија, во саботата ја отфрли таа можност, истакнувајќи дека се гледа долгорочно во „росонерите“, кои се трети во Серија А. „Мојата кариера зборува сама за себе, честото менување клубови не е дел од мојата ДНК. Сакам да работам во клуб кој функционира како компанија и треба така да се управува“, изјави Алегри на прес-конференцијата пред утрешниот ...
По натпреварот меѓу Верона и Милан (0-1), тренерот на „росонерите“, Масимилијано Алегри, даде прилично смирена и прагматична изјава. Искусниот стратег посочи дека најважни во овој момент се бодовите, истакнувајќи ја повторно целта на тимот - пласман во Лигата на шампионите. „Важна победа пред сè поради бодовите, а не поради убавината на играта. Моравме да бидеме трпеливи против добро организирана Верона. Ваквите натпревари често се решаваат ...

