Дуелот од третото ПМФЛ коло кој што се игра во Струга каде што домашниот Трим Лум го пречекува шампионот Вардар, на полувреме е означен со резултатот 0:0. По топлото време во терминот од 16:30 часот, и двата тима одиграа релативно добро со неколку обиди за погодок. Вардар прв се закани но на два пати одлично интервенирапе Папе Фал во дефанзивна улога. Радески на другата страна погоди но голот беше поништен поради офсајд, за да истиот играч ...
Македонскиот шампион Вардар го запиша вториот последователен пораз во Првата македонска фудбалска лига, откако попладнево на гостувањето кај Струга Трим Лум беше поразен со 1:0 во дербито од третото коло. „Црвено-црните“ имаа можност да извлечат бод во самиот финиш, но во петтата минута од судиското продолжение Давид Бабунски не реализираше пенал, испраќајќи ја топката покрај голот. Победничкиот погодок за Струга ТЛ го постигна Христијан ...

