„Изминативе два дена сведочиме на тоа како политичките партии, нивни високи претставници и активисти, преку соопштенија и други јавни настапи, создаваат атмосфера на хистерија и линч преку однапред дефинирана пресуда. Тие целосно ја преземаат улогата на обвинители и судии, расфрлајќи се со мерки за претпазливост, јавно повикуваа на линч на претставниците на обвинителството и судот, без никакво елементарно почитување на принципот на ...
Здружението на јавни обвинители (ЗЈО) застана во одбрана на своите колеги кои се мета на политички напади, поради предлогот за замена на затворскиот со домашен притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби. Здружението на јавни обвинители апелира до сите политички партии и функционери да не го загрозуваат начелото на поделба на власта. „Во изминатите денови сведоци сме на неодговорни изјави со кои одредени политичари селектираат и прозиваат ...
Скопје, 25 февруари 2026 Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче од ова договорено сценарио. Од режираната претстава на границата, со очила и насмевка. Преку пречекот со камери, со медиумска поддршка на 40 отсто од медиумите под контрола ВМРО преку Орбан, па сè до одредувањето куќен притвор од Обвинителството и сдуството под контрола на ВМРО-ОКГ, се вели во ...
Повисокото јавно обвинителство го врши надзорот над законитото постапување на јавните обвинители и Советот на јавните обвинители во оваа фаза на постапката нема надлежност да врши надзор, објави Советот на јавните обвинители на РСМ по јавната прозивка од министерот за правда Игор Филков да свика итна седница и да го разгледа постапувањето на јавните обвинители во случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби. Советот на ЈО, во соопштение ...

