Арсенал по повеќе од две децении одново се радува на лигашки трофеј, пехар во Премиер лигата. „Топчиите“ вчера ја добија титулата за која напорно се бореа, работеа низ тековнава сезона, а еден од играчите кој остави најголем белег беше Деклан Рајс. Ова за Рајс беше прв позначен резултат со Арсенал, но пред да се израдува, да го крене пехарот, тој се разочара откако слушна дека неговиот поранешен клуб Вест Хем испадна во Чемпионшип лигата. ...

Нуно Еспирито Санто ќе остане на клупата на Вест Хем и покрај испаѓањето на клубот во Чемпионшип, откако раководството решило да му ја довери задачата експресно да го врати тимот во Премиер лигата. Одлуката е донесена по состанокот на бордот на директори и португалскиот стратег. „Имавме состаноци со главниот тренер Нуно Еспирито Санто на почетокот на оваа недела и со задоволство потврдуваме дека тој ја изрази својата посветеност кон клубот, ...