„Не бараме сочувство, бараме одговорност“, порача учесничка на протестот во Скопје по трагедијата во Богданци, во која животот го загуби 17-годишната Билјана Кириќ. Демонстрантите побараа конкретни санкции за институционалните пропусти, итни законски измени за заштита од насилство и разрешување на функционерите кои со своите јавни ставови го оправдуваат или нормализираат насилството врз жените. Во Скопје започна протестниот марш против ...

Денeска во Скопје, во паркот „Жена Борец“, во организација на неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ граѓаните се собираат на мирен протест по смртта на 17-годишната Билјана Кириќ од Богданци, со барање за правда и одговори за постапувањето на институциите пред нејзината смрт. „Ниту една повеќе!“ и „Не бараме сочувство. Бараме одговорност“ се пораките со кои учесниците повикуваат на навремена и ефикасна заштита на жените и девојките што ...

Граѓани, активисти и граѓански организации денеска излегоа на протестен марш во центарот на Скопје под мотото „Ниту една повеќе!“, барајќи одговорност за фемицидите, институционалното насилство и неказнивоста. Протестот започна во паркот „Жена Борец“, а повод за неговото организирање беше убиството на 17-годишната Билјана Кириќ од Богданци, која претходно пријавувала насилство и закани по живот од својот партнер. Со маршот, учесниците ...