Пари Сен Жермен е домаќин на Ливерпул во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, меч во кој „светците“ влегуваат како големи фаворити на хартија. Има повеќе причини за тоа, формата и играта на двете екипи, фактот дека ПСЖ игра на домашен терен и воедно е актуелен европски шампион…Меѓутоа Луис Енрике долго време е на оваа сцена, прво како играч, сега и како тренер и добро знае што носат овие битки и јасно посочи дека ...

Пари Сен Жермен покажа зошто е актуелен европски првак и на свој терен со 2:0 славеше против гигантот Ливерпул. По мечот, тренерот на Светците, Луис Енрике беше задоволен од победата, но по малку беше и разочаран што триумфот не е поубедлив. Тоа е и нормална реакција, ако се знае дека францускиот првак постојано доминираше на теренот, напаѓаше, создаваше шанси, додека противникот не упати ниту еден удар во рамките на голот на домаќините. ...