Капитенот на младата репрезентација на Македонија за играчи до 17 години, Филип Цветковски, денеска го имаше своето прволигашко деби во дресот на Вардар. За негова среќа, Вардар денеска одигра одлично и успеа да слави со високи 5:1. „Ова е нереално… Секогаш верував во себе и во своите можности, но ете не очекував дека толку бргу ќе дебитирам за Вардар во прволигашка конкуренцијата. Секако дека се гордеам со ова што ми се случува. ...
Фудбалскиот клуб Вардар официјално ја информираше јавноста дека во сениорскиот тим на тренерот Гоце Седлоски се приклучува еден од најперспективните фудбалери од младинската школа – Филип Цветковски. Станува збор за лев бек роден на 4 август 2009 година, кој е дел од Младинската школа на „црвено-црните“ од 9 септември 2021 година, а претходно настапуваше за Форца. Иако има само 16 години и шест месеци, Цветковски веќе го запиша својот деби ...

