Икер Касилјас како легенда на Реал Мадрид добро знае што значи да се носиш со притисокот во Реал МАдрид, но кога е во прашање ситуацијата на Чаби Алонсо, легендарниот голман смета дека јавноста и медиумите одат чекор предалеку. Новинарите од Пиринеите почнаа да зборуваат за отказ на Чаби на крајот на месец ноември и почетокот на месец декември, но Алонсо успеа да ја преброди почетната криза и си купи одредено време пред новата 2026-та година. ...
Килијан Мбапе е убедливо најдобар играч на Реал Мадрид, но Чаби Алонсо ќе мора да се справува без својот најдобар голгетер на стартот на новата 2026-та година. Повредата која се влошила на еден од последните тренинзи во 2025-та година го натера лекарскиот тим на Реал Мадрид да му направи тестови на Французинот, а истите покажаа дека Французинот ќе мора да паузира поради болки во коленото. Реал Мадрид како клуб не излезе со детално соопштение ...
Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, зборуваше за расположението на напаѓачот на Мадрид, Винисиус Жуниор. -Го гледам среќен и насмеан. Беше добро за сите нас да се наполниме со енергија. Утре, ние мора да бидеме оние што ќе ги заразат луѓето со оваа желба. Ако е заемно, сè ќе биде во ред, изјави Алонсо за „Марка“. На 20 декември, навивачите на Реал Мадрид го исвиркаа Винисиус за време на победата од 2:0 над Севиља во 17. коло од шпанската Ла ...

