Соѕиданите 350 илјади евра во ѕидот ја отворија вратата на судијата Ѓоко Ристов – судскиот совет конечно формираше комисија која ќе го истражува работењето на нивниот колега кој во моментов е во домашен притвор. Иако на почетокот, кога беа откопани парите, претседателот на Советот, Камбовски велеше дека не се сеќава точно дали имало пријави против Ристов, сега откри дека имали минимум две пријави – една анонимна, една од вработени во ...
Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, информираше дека комисија веќе врши контрола врз шест или седум предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов, против кого е поведена кривична пријава за перење пари и прикривање имот. Проверката е иницирана по анонимна претставка поднесена од група вработени во Апелацискиот суд Скопје, а извештајот од комисијата се очекува да биде готов во текот на оваа недела. Камбовски ...
Судскиот совет проверува шест до седум предмети по анонимна претставка од Апелација, додека во последниот извештај на невладината организација „Транспаренси“ се проблематизира имотната состојба на судијата – од пријавени долгови и скромен имот, до 350.000 евра пронајдени соѕидани во ѕид По аферата со 350.000 евра пронајдени соѕидани во ѕид во семејната куќа во Неготино и кривичната пријава за противправно стекнување и прикривање имот и перење ...

