На денешниот тренинг на Реал Мадрид не се појави Родриго, и неговиот настап на гостувањето в недела кај Валенсија е неизвесно. Винисиус нема да игра поради суспензија, ќе го нема ни повредениот Џуд Белингам, и се најавуваше дека против Валенсија, Родриго ќе ја заземе позицијата лево крило. Но, ако не игра ни тој поради мускулни проблеми предизвикани од напорните тренинзи со кондицискиот тренер Антонио Пинтус кој се врати во Реал, ќе се бара ...

Реал Мадрид викендов го очекува тешко гостување во Валенсија, а тренерот Алваро Арбелоа се соочува со нов сериозен проблем. Белингем ќе бие повреден подолг период, Винисиус не е во комбинација за настап поради суспензија, а згора на тоа Арбелоа остана и без услугите на Родриго. Бразилскиот голгетер требаше да биде сигурен стартер во ситуација кога Винисиус не беше во тимот, но Родриго се повреди на еден од последните тренинзи, а лекарите по ...

Реал Мадрид ќе има императив да брка три бода на „Месталја“ во обид да одржи чекор со лидерот Барселона, но истото важи и за Валенсија која сигурно ќе сака позитивен резултат во ситуација кога е блиску до опасната зона на табелата. Иако Валенсија не е тим кој се бори за врвот во последните неколку години, натпреварите меѓу овој тим и Реал секогаш имаат значење на големо дерби, а во последните неколку години атмосферата се наелектризира и ...

Алваро Арбелоа остана без тројца важни играчи од нападот за гостувањето кај Валенсија, но ова утро доби две добри вести и зелено светло да ги селектира Антонио Ридигер и Трент Александер Арнолд. Тренерот на Реал Мадрид отпатува со две засилувања во одбраната на незгодното гостување на „Месталја“, дерби пресметка која е закажана за оваа вечер во 21:00 часот. Ридигер се враќа во тимот на Реал Мадрид по пауза од еден месец, додека Трент беше во ...