Во случајот „Насилство во Центар“, изречена е затворска казна од една година и шест месеци, чие извршување застарува на 10 септември 2027 година. За предметот „Плацеви на Водно“, пак, определена е единствена казна затвор од девет години, со рок на застарување на извршувањето до 14 февруари 2043 година. Дополнително, за истиот предмет е изречена и парична казна која не е наплатена, поради што е заменета со затворска казна од 180 дена. ...

За поранешениот премиер Никола Груевски кој како осудено лице избега за Будимпешта во 2018 каде набргу доби и азил, во моментот се активни две потерници за извршување на санкции. Опозицискиот лидер Петер Маѓар кој во неделата победи на изборите во Унгарија, вчера најави дека и македонскиот експремиер, меѓу другите избегани странски политичари што добија азил во Унгарија, ќе биде екстрадиран. И премиерот Христијан Мицкоски денеска кажа дека ...

Кривичниот суд попладнево во соопштение информираше за тоа кога застарува извршувањето на сите изречени казни по пресудите против поранешниот премиер Никола Груевски, чие евентуално испорачување во Македонија стана актуелно по катастрофалниот изборен пораз на неговиот домаќин во Унгарија, Виктор Орбан. Според Судот, некои од делата на Груевски кои ги водеше поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), се веќе застарени, но повеќето се ...