Денес се одигра 17. коло на Втора лига, а дербито на колото меѓу Охрид и Шкендија Арачиново заврши без голови – 0:0. Со овој бод, охриѓани остануваат лидери на табелата, додека Шкендија ја задржа втората позиција. Убедлива победа запиша Брегалница, која со 7:1 го совлада Вардар Неготино на домашен терен. Коцев го отвори резултатот, а потоа погодија Мемеди и Георгиев. Во вториот дел погодија Талески и Тасев, а Иванов беше двоен стрелец. За ...

Седумнаесеттото коло во Втората македонска фудбалска лига донесе неколку интересни резултати, но дербито меѓу водечките тимови не ги оправда очекувањата. Во Охрид, лидерот и домаќин ја пречека второпласираната Шкендија Арачиново, а дуелот заврши без голови. Тоа беше единствениот натпревар во колото на кој мрежите мируваа. Поделбата на бодовите повеќе им одговара на домаќините, кои ја задржаа првата позиција со минимална предност од еден бод ...

Екипата Охрид загуби на гостувањето во Кочани од Осогово со 1:0. И покрај поразот од екипата на Осогово која се бори за опстанок, Охрид остана на првото место со 40 бода, еден повеќе од Шкендија Арачиново која, пак, загуби дома во дербито од Скопје 1:2. Со оваа победа Скопје се доближи на бод до Шкендија Арачиново, односно два до лидерот Охрид. Киксираше и Брегалница Штип која одигра само нерешено со Тетекс. Во следното коло Охрид дома ја ...