Баерн Минхен забележа уште една победа над Реал Мадрид и со вкупни 6-4 обезбеди место во полуфиналето на Лигата на шампионите. Со ова Баерн останува во игра за сите трофеи во тековнава кампања со надеж дека истите ќе завршат во витрините на клубот. -Имаше многу драма. Секако, не го започнавме натпреварот онака како што сакавме. Ама на полувреме, почувствувавме дека предноста е во наша корист како што натпреварот одминуваше. Се исплатеше ...
Баерн Минхен попладнево треба да слави нова титула во првенството на Германија. Баварскиот гигант има 12 бодови пред Борусија Дортмунд и доколку денеска не загуби во Минхен од Штутгарт ќе има недостижни 13 бодови на четири кола до крајот. Јасно е дека Баварците ќе бидат шампиони на Германија оваа сезона, но тоа не е единственото нешто што Компани сака да го освои оваа сезона. Тренерот на тимот од Минхен има големи планови и за домашниот куп и ...

