Баскет Кам е првата екипа што обезбеди учество на завршниот турнир од Купот на Македонија за жени откако вечерва без поголеми проблеми славеше над Спорт Тим со убедливи 89-47. Разликата во квалитет беше очигледна од самиот почеток, па Баскет Кам беше доминантен уште во првата четвртина, поведувајќи со 28-9, потоа на одмор заминувајќи со 54-21, убедливо водство што дополнително беше зголемено до конечните „плус 42“. Димова беше во главна улога ...

Екипата на Баскет кам е првиот учесник на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, откако вечерва стигнаа до убедлива победа против екипата на Спорт тим од 89:47. Победникот на овој меч во СРЦ „Кале“ беше решен уште по десет минути игра. Оние во кои големиот фаворит направи уште поголема предност (28:9), која до полувремето ја зголеми на недостижни (54:21). Во второто полувреме, тренерот на екипата од Македонска Каменица, Тони ...

Куп-завршницата во женската кошарка ќе донесе четири различни екипи во борбата за трофејот – Баскет кам, Бадел 1862, Крива Паланка и МЗТ Бела вода. Ова е конечниот исход по одигрувањето на четвртфиналните елиминациски дуели, во кои настапија осумте екипи од „Шпаркасе Лајф“ Првата лига. За разлика од неизвесните дуели во регуларниот дел од сезоната, кошаркарките на Бадел 1862 овојпат доминираа и без поголеми проблеми славеа против Пробаскет ...