Скопје, 5. јануари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници на 7 јануари ќе го прослават Божик, раѓањето на Синот Божји, Исус Христос. Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква -Охридска архиепископија, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија Божикно послание во кое им посакуваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот ...
Во посланието, поглаварот на МПЦ-ОА порачува верниците да не се обесхрабруваат од неправдите и беззаконието во современиот свет, туку да го сообразуваат својот живот со Христовите заповеди, дури и тогаш кога добрите дела изгледаат мали и незабележливи. Г.г. Стефан потсетува дека Божиќ не е само спомен на минат настан, туку живо откровение на Божјата љубов и намера човекот да живее во заедница со Бога. Со Христовото раѓање, како што се ...

