Во пресрет на големата прослава 80 години постоење на Македонскиот народен театар, која ја одбележавме со промовирање на монографијата „Македонски народен театар 1945 – 2025 – Приказни поголеми од времето“ и сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето“ – Made in МНТ, во режија на Дејан Пројковски, кој премиерно ќе биде изведен на 29 декември, првиот човек на театарот, Никола Кимовски напиша: Осум децении Македонски народен театар ...

Во годината кога МНТ одбележува 80 години постоење, во фоајето на театарот свечено беше промовирана монографијата „Македонски народен театар 1945 – 2025 – Приказни поголеми од времето”. Обраќајќи се на промоцијата, директорот на МНТ, Никола Кимовски, истакна дека монографијата не е само книга, туку колективен чин и сведоштво за осум децении театарска мисла, љубов и трагање по смислата. Со видео порака до присутните се обрати и драматургот ...