По повод двегодишнината од ненадејната смрт на доајенот на македонското радио-спикерство, новинар и публицист Искра Чоловиќ, деновиве од печат излезе „The Swan Song of the Prisoner of the Wind”, специјално издание на англиски јазик на книгата „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот“ (радио-елегија за првата македонска поетеса Даница Ручигај) на Искра Чоловиќ и Свето Стаменов, поранешни новинари на Македонското радио – Радио Скопје и ...
Книгата на англиски јазик ја преведе д-р Александар Сандевски, доктор по медицина и поет, а како нејзин уредник и приредувач се јавува поранешниот словенечки амбасадор во нашава земја, дипломат, универзитетски професор, писател и поет Милан Јазбец. „The Swan Song of the Prisoner of the Wind“ се појавува по специјалните изданија на „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот“ на македонски и на српски јазик, како и на двојното аудио ЦД ...

